Брајтон со контроверзен гол се спаси од пораз против Вест хем (ВИДЕО)

Eкипата на Брајтон успеа да дојде до бод против Вест хем ремизирајќи 1-1, но голот кој го постигнаа домаќините во самата завршница ќе биде тема на Островот.

Во судиското продолжение Рутер донесе бод, меѓутоа според многумина претходно во нападот имало очигледно играње со рака. Сепак, ниту ВАР, ниту судијата на теренот не реагираа, па голот остана да важи.

Претходно во второто полувреме гол за „чеканите“ постигна Боувен.