Борусија се „прошета“ низ Берлин и со три бодови се враќа во Дортмунд (ВИДЕО)

Фудбалерите на Борусија Дортмунд триумфираа во дуелот против Унион Берлин со 3-0 во 19. коло од Бундес лигата.

Емре Чан од пенал во 10. минута донесе предност за „милионерите“, додека останатите два гола беа дело на Нико Шлотербек и Максимилијан Беиер.

Дортмунд со оваа победа стигна до 42 бодови во лигата, односно осум помалку од Баерн Минхен.

Фото: Facebook/BorrusiaDortmund