Борусија Дортмунд повторно има за продажба играч од 100 милиони евра

Клубови од Англија, како Ливерпул, Челси, Арсенал и Тотнем го меркаат Џејми Бајно Гитенс од Борусија Дортмунд, кој има цена од 100 милиони евра.

Борусија Дортмунд се подготвува за нова голема продажба од типот на Џуд Белингем и Џејдон Санчо, како што пренесува „Скај Спорт Германија“, младиот Џејми Бајно Гитенс е на мета на гигантите од Англија и клубови како Ливерпул, Челси, Арсенал и Тотнем.

20 годишниот офанзивен фудбалер има импресивни бројки на стартот од сезоната, постигна четири гола и 1 асистенција на 5 натпревари во Лигата на шампионите, како и 3 погодоци и 3 асистенции во Бундеслигата.

Веќе се одржани формални состаноци на кои бил опипан терен, но Борусија Дортмунд не брза со продажба со оглед на тоа дека Англичанецот е под договор до 2028 година.

Исто така, клубот од Сигнал Идуна Парк постави висока цена од 100 милиони евра, што би било фантастична заработка со оглед на сумата која ја платија за негов ангажман (околу 100.000 евра на име на тренинг компензации).