
Борусија Дортмунд најде тренер: Легенда на клубот ќе го замени Терзиќ
Како што се спомнуваше и вчера, наследник на босанскиот стручњак ќе биде клупската легенда Нури Шахин кој досега беше дел од стручниот штаб на Терзиќ. Турчинот се прослави како играч на Борусија Дортмунд чиј дрес го носеше од 2005 до 2011 и подоцна од 2013 до 2018 година и со „милионерите“ освои по една титула во Бундеслигата, Купот и Суперкупот на Германија, а играше и во финалето од Лигата на шампионите.
Во меѓувреме играше и за Реал Мадрид, но повредите го спречија да го покаже сиот свој потенцијал. Тренерската кариера ја почна во Анталија во 2021 година каде работеше до лани кога се врати во Борусија.