
Болоња го продава Зиркзе и тргнува по Миовски!
Во наредните денови Болоња треба да комплетира две големи продажби, ќе заминат Зиркзе и Калафиори.
Миовски треба да го засили нападот на Болоња, но засега италијанскиот клуб не ја нуди сумата која ја бара Абердин, а таа изнесува меѓу 7 и 8 милиони евра.
Се очекува во наредниот период двата клуба да ги интензивираат преговорите и да се обидат да дојдат до компромис.