Бобан Николов со два гола херој на МОЛ Фехервар во Купот на Унгарија

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов беше одличен во првата рунда од унгарскиот Куп, откако постигна два гола во победата на Мол Фехервар против Егер од 4-2.

Егер поведе во 42. минута од мечот, но во второто полувреме се „распука“ МОЛ Фехервар, па Хоџиќ, Футаш и Николов направија пресврт од 3-1.

Противникот на МОЛ Фехервар не се предаваше, па во 81. минута намали на 2-3, но сепак Николов во финишот стрела и ги поставува конечните 4-2 во Купот.