Бисерот на Барселона се враќа на терен по - четири операции во осум месеци!

Талентираниот фудбалер на Барселона, Ансу Фати конечно би можел да се врати на теренот откако направи четири операции во последните осум месеци.

По осум месеци пауза и четири операции на коленото, рехабилитацијата на Фати конечно тече во добар правец и се очекува во септември да заигра за екипата.

Шпанските медиуми објавија дека 18-годишното момче влезе во последната фаза од рехабилитацијата на тешката повреда и напредокот е одличен.

Фати дебитираше за каталонскиот клуб уште од 16 години и со своите настапи го воодушеви фудбалскиот свет, но повредата во минатата сезона му создаде проблеми.