Бирмингем слави: Астон Вила го сруши Арсенал и избега од опасната зона (ВИДЕО)  

Екипата на Астон Вила извојува злато вредна победа во борбата за опстанок во Премиер лигата, откако вечерва славеа над Арсенал со 1-0, во претпоследното коло во најсилната англиска лига.

Голот вреден три бода го постигна Еѓипќанецот Трезеге во 27. минута, а со овој триумф тимот од „Вила Парк“ излезе од опасната зона, а на тоа место го смести Вотфорд, кој денес претрпе убедлив пораз од Манчестер сити со 0-4. Двата тима во моментов имаат по 34 бода, но поради подобрата гол-разлика тимот од Бирмингем се наоѓа на 17. место. Од друга страна, „топчиите“ ги загубија и онака малите шанси за пласман во Лига Европа за наредната сезона.

Во последното коло, Астон Вила му гостува на Вест Хем, додека Арсенал ќе го пречека тимот на Вотфорд.