Бетис го растури Арсенал на „контролка“ во Даблин (ВИДЕО)

Фудбалерите на Бетис вечерва го декласираа англискиот шампион Арсенал со 3-1 на пријателски натпревар во Даблин.

Тренерот Микел Артета се реши на терен да пушти дел од ѕвездите од минатата сезона, но уште во деветтата минута следеше шок кога Рикелме донесе водство за Бетис.

Бетис постигна и втор гол во 26. минута преку Деоса, додека Инкапие само шест минути подоцна успеа да намали на 1-2. Сепак, екипата од Андалузија не запре и наскоро постигна трет погодок преку Форналс.