Бенфика си даде автогол каков што не сте виделе - што ли сакаше да направи!? (ВИДЕО)
Тимот на Мурињо водеше со 2-0, и се чинеше дека нема да има никаков проблем за да дојде до трите бода. Сепак загуби два.
Во 65. минута Каса Пиа доби пенал, фудбалерот кој шутираше, Касиано промаши, голманот му одбрани, но топката дојде до дефанзивецот Араужо, кој си ја заби во сопствената мрежа како тоа да е противничкиот гол.
Вториот гол Бенфика го прими во судиското продолжение.