Беневенто и Инзаги изборија пласман во Серија А и израмнија рекорд стар 42 години

Беневенто со денешната победа против Јуве Стабија од 1-0 го обезбеди пласманот во Серија А, а притоа екипата на Филипо Инзаги успеа да се запише во историјата.

Беневенто избори пласман во Серија А на седум кола пред крајот на првенството, а такво нешто му успеа на Асколи пред 42 години, односно во сезоната 1977-78.

Тимот на Инзаги избори победа потешко од очекуваното, а од 24. минута играше и со фудбалер помалку, но во 71. минута ги поставија конечните 1-0.