Белингем: Сакам бидам фудбалер на Реал Мадрид во наредните 10-15 години!

Џуд Белингем синоќа беше прогласен за играч на натпреварот на дуелот меѓу Англија и Италија, тој игра во фантастична форма и не ни помислува за друг клуб освен Реал Мадрид.

Белингем е во луда форма оваа сезона, иако е толку млад, на плеќи го носи Реал Мадрид во оваа почетна фаза, Англичанецот на најголемиот дел од натпреварите кои ги одигра беше прогласен за играч на натпреварот.

Вели дека напредува многу во Реал Мадрид и не ни помислува да го смени клубот.

„Сакам да останам во Реал Мадрид во наредните 10-15 години од мојот живот. Ова е местото каде што сакам да бидам. Ми се допаѓа тука“, вели Белингем.

„Тоа што сум во Реал Мадрид ме напредна 100 проценти. Да се биде околу овие фудбалери кои имаат таков менталитет и карактер секој ден, ве носи на ново ниво за менталитет, физичка и техничка подготовка“.