Белгијците се пишманат по заканите: Преговараат со УЕФА откако прогласија првак!

Белгија се истрча само два дена по последната видеоконференција на УЕФА со националните федерации и објави дека го прекинува првенството, а Бриж е новиот шампион во земјата, што многу ги налути челниците на УЕФА, кои се заканија до сите федерации дека постапат ли исто – нема да добијат право за настап во Европа.

И тие закани очигледно добро ги стресоа во ценатрот на ЕУ, Брисел, па Белгијците се испишманија и сега ретерираат. Веќе раговарале со УЕФА и со првиот човек Александер Чеферин објавувајќи дека „се бара конструктивно решение“ откако излезе проблемот.

Иако УЕФА објави дека го остава летото за фудбал, откажа буквално сè од баражите и пријателските мечеви, мечевите во ЛШ и Лига Европа, младинските настани, само за да се доиграат првенствата, ама Белгија непријатно ги изненади со решението Бриж да биде првак. За УЕФА тоа беше избрзано и неоправдано.

Сега челниците на фудбалската лига на Белгија после разговорите со УЕФА до 15 април треба да донесат конструктивно решение, за клубовите да може да добијат виза за настап во европските купови за новата сезона. Преговарал Мехди Бајат, првиот човек на УРБСФА, додавајќи дека по разговорите со Чеферин на праг се да го претстават решението пред Извршниот комитет, но засега не е познато каква е таа идеја и тоа конструктивно решение.