Бејл го спаси Тотнем: Џокерот на Мурињо даде гол по само три минути (ВИДЕО)

Фудбалерите на Тотнем потешко од очекувањата триумфираа во вечерашната пресметка на домашен терен против Брајтон (2-1), а јунак на вечерта беше повратникот во тимот, Герет Бејл.

Џокерот на Жозе Мурињо влезе во игра во 70. минута, а по само три минути го постигна победничкиот погодок за својот тим и тоа на асистенција на уште едно ново засилување, Регуилон. Со овој триумф, екипата од Лондон со 14 бода се искачи на втората позиција на табелата по седум кола, зад шампионот Ливерпул, кој има два повеќе.

За Бејл ова беше прв погодок по повеќе од 10 месеци, откако последниот го постигна уште во јануари годинава.