Бејл го чека сериозна казна од Реал Мадрид поради знамето (ФОТО)

Репрезентацијата на Велс синоќа и официјално се пласираше на Европското првенство 2020 година. По триумфот над Унгарија, Герет Бејл беше уловен од фотографите како го слави успехот со знаме со кое му се потсмева на својот клуб Реал Мадрид

Поранешниот фудбалер на „кралевите“, Предраг Мијатовиќ пред извесно време даде изјава за Бејл и неговите приоритети во живот, а навивачите на Велс го напишаа тоа на знамето.

„Велс, голф, па Реал Мадрид“, пишуваше на велшкото знаме.

Бејл без проблем го држеше пред фотографите, а тоа не помина добро кај челниците на Реал Мадрид. Шпанските медиуми пишуваат дека Велшанецот го чека сериозна парична казна. Најпрво, бидејќи за да тренира со клубот е повреден, а е целосно фит кога треба да игра за репрезентацијата.

Овој испад на Бејл конечно ја прели чашата, па фудбалерот веројатно си го потпиша трансферот уште во јануари.