Герет Бејл го славеше пласманот на Евро 2020 со – нова провокација за Реал Мадрид (ФОТО)

Герет Бејл и Реал Мадрид очигледно се во голема војна, штом велшката ѕвезда на „кралскиот клуб“ не престанува да го провоцира најславниот и најтрофејниот клуб на светот.

Синоќа, Бејл и Велс ја победија Унгарија за да го заверат пласманот на Евро 2020 и при прославата, интересно знаме на Велс се појави меѓу фудбалерите, кои потоа се сликаа, нормално со Бејл во центар на вниманието.

На велшкото знаме пишуваше – Велс, Голф, Мадрид – по тој редослед!

Не треба многу за објаснување. Јасно е кои му се приоритетите на Бејл, иако сета фудбалска слава ја доживеа во „кралскиот клуб“ со четири европски титули, со МВП=награда во финале на ЛШ, два гола захет-трикот лани... Но, Реал и понатаму му е – трет избор.