Баскија во солзи: Капитенот по 19 години го напушта својот Атлетик Билбао!

Капитенот на Атлетик Билбао, Икер Муниаин, денеска соопшти дека на крајот од актуелната сезона ќе го напушти клубот и тоа по дури 19-годишна верност, почнувајќи од најмладите категории па се до професионалниот состав.

Тој им кажал на челниците дека ќе го напушти клубот во јуни, кога му истекува актуелниот договор, односно дека не сака да потпише нов, без да објави каде планира да продолжи да игра. Муниаин (31 година) целата професионална кариера ја помина во Атлетик, со кого минатиот месец го освои својот прв трофеј - Купот на кралот.

За составот од Баскија одигра 557 натпревари во сите натпреварувања и постигна 75 голови.