Барселона во последна офанзива: Каталонците испратиле нова понуда за Нејмар

Сите шпански медуми на своите насловни страни носат вест дека Барселона на две недели до крајот на преодниот ја испратила, наводно, последната понуда до ПСЖ за нивната суперѕвезда Нејмар.

За завршната офанзива на Нејмар било решено вчера на состанокот кој го предводел претседателот Жозеп Марија Бартомеу и на кој биле сите важни луѓе во Барселона.

Тие на ПСЖ му понудиле да го пушти Нејмар на едногодишна позајмица, а Каталонците за тој период сакаат да му ја даваат само платата, која ја има во ПСЖ, по што Барселона би го откупила на крајот на сезоната.

Причина за таквата понуда на Каталонците е тоа што премногу пари потрошија на засилувања.  Сепак, не се открива сумата која ќе ја плати Барселона на крајот на сезоната.