Барселона со најголеми приходи за минатата сезона 2018/2019

Барселона е клубот со најголема заработка во светот на фудбалот за минатата сезона 2018/2019.

Каталонците генерирале приход од фантастични 741,1 милион фунти, што е зголемување од 130 милиони во однос на сезона 2017/2018. Барселона од врвот на оваа листа го симна лутиот ривал Реал Мадрид, кој сега е на втората позиција со приходи од 667,5 милиони.

Третото место му припаѓа на Манчестер јунајтед со 627 милиони, пред Баерн Минхен (581), ПСЖ (560), Сити (538), а десетте клубови со најголема заработка ги заокружуваат Ливерпул, Тотнем, Челси и Јувентус.