Барселона смисли план како да собере пари за Халанд среде најголемата криза!

Шпанска Барселона сака да го купи Ерлинг Браут Халанд на лето и тоа не го крие, но проблем за Каталонците е како да дојде до пари среде најголемата криза поради наталожениот долг од 1,3 милијарди евра, проектот за нов стадион од над една милијарда евра...

И во Каталонија смислиле план кој планираат да го реализираат, а потребно им е да соберат сто милиони евра за да ја задоволат Борусија Дортмунд, која така би заработила петпати повеќе од тоа што потроши за да го донесе од Ред Бул Салцбург за само 20 милиони евра.

Според информациите од Барселона, великанот планира да продаде 9 отсто од својот удел во „Барса Студиос“, компанијата која се занимава со продукција и така да ги собере 100-те милиони евра кои ќе им требаат за да го ангажираат Халанд.

Вториот проблем е како да го регистрираат, зашто најмалку ќе треба да одвојат 20-на милиони евра по сезона, а поради ваков проблем го загубија Лионел Меси. И прва опција е да се ослободат од сите што го оптоваруваат буџетот, но имаат и втора опција, а тоа се мега-спонзорски договори според кој најмалку би добивале над 80 милиони евра по сезона, а низа големи компании меѓу кои и Спотифај се заинтересирани да го заменат Ракутен. Според последните најави Спотифај е многу близу да стане спонзор за 68 милиони евра по сезона, односно 340 милиони за пет години.

За Халанд, кој веќе најавил дека сака да игра во Шпанија, ептен заинтересиран е и Реал Мадрид, кој го очекува Килијан Мбапе на лето како свое најбомбастично засилување.