Барселона се збогува со Суарез по шест години (ВИДЕО)

Конечно пристигна потврда за тоа што се најавуваше во претходните денови. Барселона преку социјалните мрежи се збогуваше со 33-годишниот Луис Суарез, кој кариерата ја продолжува во Атлетико Мадрид.

Суарез ќе има последен прес за Барселона на „Камп Ноу“, по што ќе замине кон Мадрид, каде што ќе им се приклучи на своите нови соиграчи.

Барселона на збогувањето се присети на некои од најдобрите моменти на Суарез во екипата и му се заблагодарија за убавите спомени.