![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2024/02/11/219608-barselona-se-spasi-od-poraz-protiv-pretposledniot-tim-vo-la-liga.jpg?itok=ef6fcP4I)
Барселона се спаси од пораз против претпоследниот тим во Ла Лига
Еден од најлошите тимови во Ла Лига дури двапати водеше против Барселона, иако домаќинот прво погоди преку Јамал за 1-0, по што следеа двата гола на гостите преку Санчез и Пелистри.
Левандовски ја врати Барселона во игра и израмни на 2-2, меѓутоа во 66. минута Микел погоди за предност од 3-2 на Гранада.
Гранда го чуваше водството до 81. минута, кога Јамал со својот втор погодок израмни на 3-3.
Барселона е на третата позиција со 51 бод, односно 10 помалку од Реал Мадрид, додека Гранада е претпоследна со 13 бодови.