Барселона понуди замена за Мбапе, но си даде „автогол“

Барселона се обидела да го добие потписот на Килијан Мбапе од ПСЖ, но нивниот обид бил неуспешен, а притоа ги уништија односите со еден од нивните фудбалери кој наскоро ќе се пресели во Париз.

Осман Дембеле решил да ја напушти Барселона, откако неговите претставници дознале дека каталонската екипа го понудила, заедно со Гави, во замена за Мбапе од ПСЖ.

ПСЖ веќе се договори со Дембеле и ќе го плати 50 милиони евра колку што изнесуваше откупната клаузула во неговиот договор, а Барселона ќе остане без Мбапе и ќе мора да се задоволи само со паричната понуда.