Барселона натпревар како против Реал Сосиедад не одиграла десет години
Она што посебно беше забележително е немоќта во нападот на Барселона. Лидерот во Ла Лига во претходните 12 кола постигна 40 гола, но на вчерашното гостувањето офанзивците на каталонскиот гигант не изгледаа така расположена.
Барселона ја погоди еднаш мрежата преку Левандовски во 13. минута, но тој гол беше поништен поради недозволена позиција по асистенција од ВАР собата.
Фудбалерите на Барселона упатија 11 удари кон противничкиот гол, меѓутоа ниту еден од нив не одеше во рамките од голот. Такво нешто на Барселона според статисиката на „Опта“ и се нма случено цели 10 години.
Последен пат кога Барселона немала шут во рамки од голот цел натпреварот било против Малага во 2014 година. Тимот во тој натпревар беше предводен од Луис Енрике.