Барселона ќе ги троши парите од Дембеле на фудбалер од Манчестер сити

Каталонскиот гигант Барселона наскоро ќе остане без Осман Дембеле, кој договори трансфер во ПСЖ за 50 милиони евра, а тоа ќе му помогне на тренерот Чави Ернандез да го ангажира Жоао Кансело од Манчестер сити.

Кансело сака да ги напушти „граѓаните“ ова лето и Барселона е главен фаворит за неговиот потпис, но засега не е познато колку пари ќе понуди за потписот на ѕвездата на англискиот шампион.

Португалецот игра за премиерлигашот од 2019 година, а од јануари до крај на сезоната беше на позајмица во Баерн Минхен.