Барса излезе со соопштение по повод прес-конференцијата на Перез!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез денеска имаше прес-конференција на која меѓудругото распука и по ривалот, Барселона.

Перез зборуваше за случајот Негреира во кој Барса е обвинета за „поткуп“ на судии. Случајот уште не е решен, па првиот човек на Реал Мадрид го посочи тоа и зборуваше за влијанието на Барса врз судиите.

Од Барселона не чекаа многу, излегоа со соопштение.

„Во врска со прес-конференцијата свикана од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, ве информираме дека нашиот правен оддел внимателно ги проучува неговите изјави и обвинувања“, стои во соопштението на Барселона.