Тепачката на Валверде и Чуамени не е проблем за Перез, туку - кртот во соблекувалната
Ги нападна сите - Барселона, судиите, Ла Лига, новинарите..., а не одговори конкретно на ниедно прашање. Меѓу прашањата за кои не сакаше ништо да каже беа „дали може да слушаме за ова, туку за тоа зошто Реал Мадрид беше во проблеми на теренот“.
Перез постојано одговараше со „НЕ“.
Исто така, неколку новинари го вратија на инцидентот и тепачката меѓу Орелиен Чуамени и Федерико Валверде, на што следуваше сосема неочекуван одговор.
„Ова не е првпат играчите да стигнат до критична точка и да се степаат. Во текот на моите 26 години во клубот, играчите се тепаа речиси секоја сезона. Но, ние не придававне никаква важност на тоа. За една година, отпуштив тројца тренери. Притисокот во Мадрид е огромен. Тие се караат, се караат секоја сезона, бидејќи така се туркаат еден со друг да бидат подобри.
Она што се случи меѓу Валверде и Чуамени е многу лошо, но уште полошо е што стигна до медиумите. Кртовите во Реал Мадрид се полоши од овие внатрешни проблеми. Фактот што протече во медиумите е најлошата можна вест. Мора да го пронајдеме лицето кое ги даде тие информации за тепачката. Тоа лице е многу луто, бидејќи го напушта клубот и затоа ја откри веста. Валверде и Чуамени се фантастични момци и фантастични играчи, тоа е сè“, рече Перез.
Се шпекулираше дека информациите не медумите им ја дал Дани Себаљос, лут на односот со тренерот Алваро Арбелоа кој не сметаше на него во финишот од сезоната.