Вардар в петок во Струга може да стане шампион на Македонија!

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар в петок би можел да го крене шампионскиот пехар во Првата лига, откако беа одредени термините на натпреварите за 32. коло од домашниот шампионат.

„Црвено-црните“ на две кола пред крајот имаат шест бодови повеќе од Шкендија, па така уште в петок може да станат шампиони на Македонија.

Вардар в петок ѝ гостува кај Струга од 16 часот, а во истиот термин во Тетово ќе се соочат Шкендија и Брера Струмица, додека во Кратово играат Силекс и Арсими.

Еден ден подоцна на програмата се пресметките меѓу Башкими и Македонија ЃП, Тиквеш и Пелистер, како и Шкупи и Работнички.