ПСЖ подготвува нова „бомба“: Ќе плати 150 милиони евра за ѕвезда на Атлетико
Парижаните бараат засилување во нападот, а во Алварез гледаат човек кој може да им ги реши проблемите, но за тоа ќе мора да платат 150 милиони евра.
ПСЖ нема проблем со финансиите, па наскоро се очекува да испратат понуда до тимот од Мадрид.
Во меѓувреме се очекува ПСЖ да го продаде и Баркола во текот на летниот преоден рок, со што ќе ја наполни касата.
Фото: Facebook/Atlético de Madrid