Англичаните одлучиле, нема да ја прошират употребата на ВАР

Судењето во Премиер лигата со години е една од главните теми кога се зборува за работата на арбитрите, но според последните информации Англичаните нема да прифатат прошување на улогата на ВАР. 

По разговорите со Здружението на професионални судии (ПГМО), одлуката на Премиер лигата ќе биде да не се воведе поширока улога на ВАР системот за следната сезона.

Меѓународниот одбор (ИФАБ) во февруари дозволи проширување на употребата на ВАР системот и ВАР судиите, вклучувајќи проверки на ситуации околу корнери и проверка на втор жолт картон. Со одлуката на ИФАБ, овие промени може да се применуваат од јуни.

ИФАБ сепак не ги задолжи лигите и им остави на можност сами да одлучат дали ќе ги прифатат овие измени или не. Како што пренесува „Гардијан“, одлуката на Премиер лигата е ВАР судиите да немаат пошироки овластувања од досегашните во наредната сезона.  собрание клубовите да го прифатат тој совет.

Во Англија сметале дека проверките на корнери и втори жолти картони значително би ги продолжиле натпреварите, кои и онака траат околу 100 минути, а тоа би можело да доведе и до потенцијален притисок од страна на телевизиските преносители врз официјалните лица на натпреварите.

Фото: Premier League