Падна договор: Рамос станува газда на Севиља за 450 милиони евра

Легендарниот шпански дефанзивец, Серхио Рамос според последните информации постигнал договор за купување на неговиот поранешен клуб, Севиља.

Во изминатиот период Рамос преговараше за мнозинскиот пакет акции како предводник на групацијата „Five Eleven Capital“, а шпанските медиуми известуваат дека денеска конечно е постигнат договор.

Рамос и неговите бизнис партнери за преземање на Севиља ќе платат сума од 450 милиони евра, а со таа сума ќе бидат покриени и долговите кои што клубот ги има во овој момент. Комплетирањето на уплатата треба да биде најдоцна до 31 мај.

Исто така во договорот постои и клазула според која ако Севиља испадне во понизок ранг, тогаш цената ќе остане иста меѓутоа рокот за исплата ќе се продолжи на уште една година.

Фото: Sevilla FC