Ливерпул откри како ќе изгледа споменикот во чест на Жота (ФОТО)

Ливерпул го претстави споменик кој ќе го постави во чест на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва кои ги загубија животите пред почетокот на актуелната сезона во сообраќајна несреќа.

Скулптурата е изработена во облик на срце, како симбол на начинот на кој Жота ги прославуваше головите. Таму се и броевите 20 и 30 што браќата ги носеа на дресовите, а испишани се и стихови од навивачка песна посветена на Жота.

Ќе потсетиме, претходно клубот и го повлече дресот со број со „20“, а исто така донесе одлука и во целост неговиот договор да биде исплатен на семејството на Португалецот.

Фото: Liverpool FC