Гвардиола стави осуммина на „листата за отстрел“ од Манчестер сити

Поранешниот англиски шампион Манчестер сити би можел да доживее трансформација во летниот преоден рок, а медиумите ја откриваат „листата за отстрел“ на Пеп Гвардиола која е составена од осум фудбалери.

Пеп Гвардиола најверојатно ќе остане на кормилото на „граѓаните“ и следната сезона, па поради тоа сака да состави моќен тим за новите предизвици.

Бернардо Силва и Џон Стонс си заминуваа од клубот затоа што им завршува договорот, а дефинитивно повеќе нема да има место во тимот и за Аканџи кој ќе остане во Интер за 15 милиони евра.

Освен тие тројца, следен кој најверојатно ќе замине е голманот Џејмс Трафорд, а за него се заинтересирани повеќе европски екипи.

Нејтан Аке е следниот на листата за отстрел, иако има договор со „граѓаните“ до 2027 година, но Барселона покажа интерес за неговиот потпис.

Отворена е вратата и за Матео Ковачиќ, кој е слободен да си побара нов клуб затоа што често е повреден, а идентична е приказната и со Рејндерс.

Калвин Филипс е уште еден фудбалер кој не го сакаат „граѓаните“, но тој има договор до 2028 година и ќе биде тешко за продажба затоа што не е во најдобра форма.

Фото: Facebook/Manchester City