Флик направи чудо: Барса освои пет пехари, а потроши само 87 милиони евра!
Интересно е тоа што Барселона под водство на Флик потроши само 87 милиони евра на засилувања, а притоа успеа да освои пет трофеи, иако неговите ривали трошеа многу повеќе пари.
За споредба, Реал Мадрид потроши 217 милиони евра во истиот период, а освои само една титула, додека Атлетико Мадрид инвестира неверојатни 418 милиони евра, а не освои ниту еден пехар.
Фото: Facebook/FC Barcelona