Драма во С. Арабија: Автогол во 98. минута го одложи шампионското славје на Роналдо! (ВИДЕО)

Дербито меѓу Ал Наср и Ал-Хилал заврши нерешено 1-1, Кристијано Роналдо ќе почека до последното коло за да се израдува на првата шампионска титула во Саудиска Арабија.

Ал Наср поведе со гол на Симакан во 37. минута од натпреварот.

Се чинеше дека така ќе заврши мечот и Ал Наср вечерва ќе биде крунисан во нов шампион, секунди беа во прашање, но тоа не се случи.

Во 98. минута Бенто си постигна автогол за конечни 1-1.

Ал Наср е прв на табелата со 83 бода, Ал-Хилал има 78 бода, но и натпревар помалку.

Ал Наср има уште еден натпревар до крајот на сезоната, а АЛ-Хилал уште два.