Барди заигра во финишот, Леванте минимално ја совлада Мајорка (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди одигра десетина минути во победата на Леванте против Мајорка од 2-1 во 14. коло од шпанската Ла Лига.

Екипата на Барди поведе во 52. минута со голот на Роџер, по што Мајорка преку Родригез израмни на 1-1 во 65. минута.

Сепак, Рочина беше херој на Леванте, откако во 73. минута ги постави конечните 2-1 за нови три бода и скок до 10. место.