Барди меѓу петте со најголема оценка меѓу изведувачи на слободни на новата „ФИФА 22“ (ФОТО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди, кој после повеќе од еден месец викендов се врати на фудбалските терени, од поодамна нема дадено гол од слободен удар, откако се прослави во Ла Лига уште во својата деби сезона откако дојде во Леванте.

Но, иако Барди веќе подолг период нема погодено од прекин, сепак и понатаму важи за еден од најдобрите изведувачи на слободен удар, а доказ за тоа е оценката која ја има на најновата мегапопуларна игра за Плејстејшн, „ФИФА 22“.

Барди е меѓу петте со највисока оценка, четврти со оцена 91, зад Лео Меси кој има 94, потоа Миралем Пјаниќ и Вард Праус со оценка 92, а зад Барди е Јапонецот Накамура со 90.

Ова е уште едно признание за македонскиот ас од Леванте околу неговите прецизни слободни удари, а кој во својата деби сезона постави неколку рекорди и сѐ уште е еден од петте најдобри изведувачи на слободни според процент на успешност на Пиринеите, но далеку зад неприкосновениот Меси, кој летово си замина од Барса во Пари Сен Жермен.