Бајка како од филм: Мигрантот кој успеа да го урне Интер среде „Џузепе Меаца“

Муса Џувара е тинејџерот на Болоња, кој вчера успеа да го урне италијанскиот великан Интер среде „Џузепе Меаца“ и практично да им ги урне и теоретските надежи на „нераѕурите“ за шампионската титула, а младиот црномурест фудбалер има – приказна како за на филм.

Пред четири години, кога Муса имаше само 14 години, потполно сам, без родители, тргна во мигрантски поход за да стигне до Западна Европа. Беше 10 јуни 2016 година, кога малолетниот Гамбиец потполно сам стапна на Апенините со брод полн со мигранти кој тргнал од неговата родна земја. Кога стапнал во Италија, брзо бил префрлен во мигрантски камп во близина на Потенца, прифатниот центар Поути, а многу брзо почнал да тренира фудбал во локалниот нисколигаш Виртус Авелино.

Таму тренер му бил човек со големо срце, Витантонио Сума, кој практично го посвоил, санал негов старател и се грижел во овие четири години додека стане полнолетен булвално за сè, не само за фудбалскиот пат. Наводно од Муса се откажале неговите биолошки родители, па така момчето тргнало со многу сонародници во потрага по попристоен живот.

Брзо потоа Џувара го сврте вниманието на калчолигашите. Сума го препорачал на Киево, од каде завршил во младите селекции на Торино, а во Вијареџо, на еден од најпознатите турнири на кои Горан Пандев и Ацо Стојков се продадоа во Интер на почетокот на милениумот, Муа блеснал со три гола на три меча.

Доволно Болоња експресно да го види потенцијалот и да го донесе, а српската легенда Синиша Михајловиќ, познат како човек кој сака да турне млад талент во оган, не му требаше многу време за да му даде шанса и тоа на меч со италијански великан.

„Јас бев убеден дека Муса ќе им даде гол, затоа и го ставив. Тој е сјајно момче и си го заслужи овој момент. Мене ми е драго за победата, а посебно после секоја зашто имам група на извонредни момци. Џувата е фудбалер кој знае да направи 'фрка' на теренот, а баш поради него Интер и влезе во криза“, вели Михајловиќ за новиот голем потенцијал.

Ако 2020 ќе се памети по нешто убаво во Италија после ужасот со коронавирусот, тоа секако е приказната на Муса Џувара.