Баерн за едно полувреме го сомле Мајнц за четвртфинале во Купот (ВИДЕО)

Германскиот првак Баерн Минхен за едно полувреме го сомле Мајнц на гостувањето за да победи убедливо со 4-0 и да обезбеди четвртфинале во Купот на Германија и со тоа да им се придружи на Штутгарт, Унион Берлин и РБ Лајпциг меѓу најдобрите осум.

Новото засилување Жоао Кансело дебитираше со асистенција, Ерик Максим Чипо Мотинг даде гол и запиша асистенција, а Џамал Мусиалаи Лирој Сане погодија во првиот дел, додека Алфонсо Дејвид додаде еден гол во вториот дел за сигурната и убедлива победа на Баварците.

Чупо Мотинг погоди по 17 минути за водство на асистенција на Кансело, па Мусиала во 30-та ја дуплираше предноста по додавање на Томас Милер, за Сане да стави печат минута пред полувремето на асистенција на Чупо Мотинг. Кога веќе беше јасно сѐ на мечот, седум минути пред крајот Дејвис погоди и четврти пат во мрежата на Мајнц.