Баерн Минхен тргнува по ѕвезда на Лајпциг: Нуди 60 милиони евра

Приоритет на Баерн Минхен летово е назначување на нов тренер, но челниците на клубот веќе напорно работат и на трансфер-пазарот. 

Според најновите шпекулации, „баварците“ се сериозно заинтересирани за Дани Олмо од Лајпциг. Шпанецот има откупна клаузула од 60 милиони евра во договорот, па Баерн  подготвен да го плати обештетувањето. 

Олмо е еден од најдобрите играчи во Германија, а може да игра и на две позиции во тимот, како полушпиц и како десно крило. Фудбалерот кој има само 26 години, пред четири сезони потпиша за бундеслигашот од редовите на Динамо Загреб.