Баерн Минхен остана без важен фудбалер по триумфот против Олимпијакос

Баерн Минхен во третото коло од Лигата на шампиони го победи Олимпијакос со 3-2, но остана без најскапото засилување во историјата на клубот.

Лукас Ернандез, кој летово беше платен околу 80 милиони евра во дуел со грчкиот тим доби силен удар во зглобот.

Прегледите покажаа дека одличниот Французин ги повредл лигаментите и сега го очекува пауза на подолг период.

Тоа го потврди и спортскиот директор на германскиот тим, Хасан Салихамиџиќ, кој кажа дека Ернандез ќе паузира неколку недели.