Баерн Минхен ќе ја засили одбраната со Боатенг (ФОТО)

Германскиот шампион Баерн Минхен наскоро треба да потпише договор со Жером Боатенг, кој почна да тренира со баварската екипа.

Баерн сака да ја засили одбраната, а Боатенг делува како добар избор затоа што е слободен агент, а во минатото го носеше дресот на германскиот тим.

Боатенг во првиот мандат за Баерн играше од 2011 до 2021 година и настапи на 363 натпревари, а притоа постигна 10 гола и 25 асистенции.