Баерн Минхен добива големо засилување пред дербито со ПСЖ

Германскиот шампион Баерн Минхен ќе добие големо засилување за осминафиналето против ПСЖ во Лигата на шампиони (ЛШ), зашто конечно на тренинг се врати Садио Мане.

Мане на 8 ноември се повреди во дуелот против Вердер Бремен (6-1), по што мораше да се откаже од Мундијалот во Катар бидејќи замина на операција на 17 ноември.

Првиот натпревар меѓу ПСЖ и Баерн се игра на 14 февруари во Париз, додека реваншот е на 8 март во Минхен.