Баерн го прегази Хајденхајм и им се врати на победите (ВИДЕО)
Победата во денешното гостување Баерн ја обезбеди уште во првото полувреме во кое постигна три гола. Најдобриот стрелец во тимот на Комапни, Хари Кејн го отвори резултатот по 13 минути игра, а шест минути подоцона Лајмер се погрижи за 0-2. Кингсли Коман исто така се запиша во листата на стрелци во првиот дел во 36. минута за водство од 0-3.
Во второто полувреме Баерн продолжи да доминира, но видовме само уште еден гол кој беше дело на Кимих за конечни 0-4.
На табелата сега Баерн дојде до 72 бода, девет повеќе од вторпласираниот Леверкузен кој утре против Сент Паули го игра својот натпрвар од 29. коло.
На останатите средби, Фрајбург со 3-2 го совлада Хофенхајм, Мајнц ремизираше против Волфсбург 2-2, Вердер го доби минимално 1-0 Бохум, додека Лајпциг и Кил одиграа без победник 1-1.