Бабунски потпиша за Грасхоперс, отштетата за Дебрецин - 700 илјади евра!

Македонскиот репрезентативен напаѓач, Доријан Бабунски, ги смени клупските бои и од Дебрецин премина во Грасхоперс. 

Швајцарскиот клуб бил решен да го види Бабунски во своите редови, па ќе му плати на Дебрецин вкупно 700.000 евра отштета или попрецизно, основа од 550.000 евра плус бонуси од 150.000 евра. Фудбалерот ставил потпис на договор во траење од две сезони, со опција за продолжување на уште една.

Бабунски, кој утре полни 27 години, играше стандардно во Дебрецин и демонстрираше добра форма во 2022/23 сезона, постигнувајќи 13 гола на 30 меча, но од нив девет само во пролетната полусезона. Во новата запиша еден погодок на два меча. 

Тој во израсна во школата на Реал Мадрид, а потоа настапуваше уште и за Фуенлабрада во Шпанија. Играше и во Радомље и во Олимпија во словенечкото првенство, во Машида и во Кагошима во јапонското, а пред Дебрецен одигра и во Ботев Враца. Грасхоперс во моментов се наоѓа на деветтото место во Швајцарија, со една победа и три порази од пет кола во новата сезона.