Атлетико се искачи на врвот во Ла Лига (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид со 2-0 го совлада Ваљадолид во рамки на 12.коло во Ла Лига. 

Томас Лемар го постигна првиот гол за домашниот тим во 57.минута. Маркос Љоренте ја запечати победата за Атлетико во 72.минута. За мадриѓани ова е седма победа по ред во првенството и четврти натпревар во низа на кој нема примено гол.

Сега Атлетико е лидер на табелата со 26 бодови, барем до понеделник додека Сосиедад не го одигра својот натпревар со Алавес на гости. Мора да се истакне дека Атлетико има и натпревар помалку во однос на тимот од Сан Себастијан, односно тоа ќе бидат два натпревари помалку, кога Сосиедад ќе го одигра својот дуел од 12.коло.