Атлетико Мадрид со голот на Мората освои бод кај Селта (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид освои само еден бод на гостувањето кај Селта виго (1-1) во 35. коло од шпанската Ла Лига.

Алваро Мората во првата минута од мечот постигна погодок за 1-0, а Атлетико потоа имаше неубедлив натпревар, па казната пристигна во 49. минута од дуелот преку Белтран, кој ги постави конечните 1-1.

Атлетико Мадрид има 63 бодови на третата позиција во Ла Лига, додека Селта се наоѓа на 15. место со 36 бодови.