Атлетико се „испука“ против Гранада, денеска само 0-0 со Хуеска (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид по фантастичниот настап минатата недела и победата од 6-1 против Хуеска, денеска не можеше да го најде патот до мрежата на Хуеска. 

Фаворитот одигра само 0-0 на гостувањето кај новолигашот во рамки на 4.коло во Ла Лига. Гостите имаа иницијатива и дури 16 шутеви, но само два во рамки на противничкиот гол. Луис Суарез стартуваше од првата минута, но не успеа да го повтори настапот од дебито изминатиот викенд кога постигна два гола и имаше една асистенција. 

На вториот натпревар денеска во истиот термин, Вилјареал со 3-1 славеше против Алавес. Два гола за „жолтата подморница“ постигна Пако Алкасер.