Атлетико Мадрид ги елиминираше Леванте и Андонова од Суперкупот

Македонската фудбалерка Наташа Андонова заедно со Леванте беше поразена со 2-3 од Атлетико Мадрид во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп и така останаа без можност да се борат за трофејот.

Дејна Кастеланос го постигна првиот гол на натпреварот во 32. минута за водство на Атлетико Мадрид, по што Керол Ферез израмни на 1-1 во финишот на првото полувреме.

Атлетико со два гола за само шест минути во вториот дел направи чекор кон финалето, а погодоците ги постигнаа Лопез Милан и Лудмила Да Силва, по што Џована Кеирош погоди за 2-3.

Андонова влезе во игра во 76. минута на местото на Татјана Пинто и остана на теренот до крајот на натпреварот.