Атлетико конечно победи: Мората и Саул ја „нокаутираа“ Осасуна (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид, по три меча без победа во домашниот шампионат, конечно успеа да слави и тоа против Осасуна на „Ванда Метрополитано“ со 2-0.

Избраниците на Диего Симеоне фуриозно го почнаа мечот, па создадоа дури 11 шанси кон противничкиот гол, но гостите некако успеаа да ја зачуваат мрежата во првото полувреме.

Домашните навивачи за првиот погодок мораа да чекаат до 67. минута кога Алваро Мората со глава ја затресе противничката мрежа за водство од 1-0, додека осум минути подоцна Саул ги постави конечните 2-0.

Атлетико со триумфот се врати во топ-4, па сега има 29 бодови, односно шест помалку од лидерот Барселона. Второпласиран е Реал Мадрид со 34, но и одигран еден меч помалку, а трета е Севилја со 31 бод.